Скопје - Рим со "Блу-експрес"

Bez autora
Oct 25 2011

Италијанската авиокомпанија Блу експресс, која обезбедува нискобуџетни летови и е во сопственост на Блу панорама ерлајнсс од 30 октомври почнува со редовни авионски летови на релација Скопје - Рим. Летовите ќе се реализираат двапати неделно, во четврток и во недела, со авиони боингг 737/300 и 737/400. Летот од Рим за Скопје ќе биде во 11 часот од аеродромот Фијумичиноо, а пристигнувањето е во 12 часот и 40 минути. Летот од Скопје за Рим е во 13 часот и 15 минути, а пристигнувањето на Фјумичиноо е во 14 часот и 55 минути. По подолг временски период на нередовна авионска врска, а во одделни периоди и целосно отсуство на директна авиолинија меѓу Македонија и Италија, сега двете земји ќе бидат повторно авионски поврзани.

Скопје - Рим со Италијанската авиокомпанија Блу експресс, која обезбедува нискобуџетни летови и е во сопственост на Блу панорама ерлајнсс од 30 октомври почнува со редовни авионски летови на релација Скопје - Рим.

Како што соопшти Амбасадата на Италија во Скопје, летовите ќе се реализираат двапати неделно, во четврток и во недела, со авиони боингг 737/300 и 737/400. Летот од Рим за Скопје ќе биде во 11 часот од аеродромот Фијумичиноо, а пристигнувањето е во 12 часот и 40 минути. Летот од Скопје за Рим е во 13 часот и 15 минути, а пристигнувањето на Фјумичиноо е во 14 часот и 55 минути.

- По подолг временски период на нередовна авионска врска, а во одделни периоди и целосно отсуство на директна авиолинија меѓу Македонија и Италија, сега двете земји ќе бидат повторно авионски поврзани. Со редовните авионски летови Скопје и Рим ќе бидат на растојание од околу час и половина, што сигурно позитивно ќе влијае врз унапредувањето на туризмот и економската соработка меѓу двете пријателски земји - наведува италијанската амбасада. Од пред неколку недели во функција е и директната авионска линија Скопје - Венеција.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik